Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш очекува тешки моменти по обновувањето на Премиер лигата. Португалецот ја започна својата кариера на „Олд Трафорд“ многу силно откако пристигна од Спортинг во јануари.

– За мене, девет натпревари не се доволно добри, затоа што сега доаѓа најтешкиот дел. Другите играчи се запознаени со вашата игра, како се движите, како подавате, стрелате. Нештата ќе бидат тешки сега. Сега треба да го подигнам моето ниво и да работам повеќе. Да ги разберам повеќе тимовите против кои играм, затоа што тие ќе знаат повеќе за мене. Морам да бидам подготвен за тешкотиите, изјави тој.

Португалецот многу брзо се прилагоди на англискиот шампионат, постигнувајќи 3 гола и направи четири асистенции на девет натпревари.

– Не е како да трчате повеќе во Англија, бидејќи трчањето е исто во Италија и Португалија, но веројатно треба да трчате повеќе со големо темпо. Вие се враќате побрзо и понекогаш кога ќе ја освоите топката, тоа ви отвора места, објасни тој.


Администратор
02/06/2020 23:42