Манчестер јунајтед може да се обиде да ја привлече sвездата на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, во случај „граѓаните“ да не ја намалат или да ја поништат казната изречена за нив од страна на УЕФА, тврди „Индипендент“ денес.

Жалбата на Сити ќе се разгледува следната недела, но доколку остане двегодишната казна за не учество во Лигата на шампионите, се очекува да заминат некои од најважните играчи на Пеп Гвардиола. Рахим Стирлинг и Кевин Де Бруин се меѓу оние за кои се вели дека имаат таква намера.

„Индипендент“ смета дека доколку Стирлинг е на располагање, Јунајтед ќе се обиде да го привлече, иако поранешниот играч на Ливерпул поверојатно ќе преземе во насока Реал Мадрид.

Арбитражниот спортски суд ќе започне со сослушувањето по жалбата на Сити во понеделник, а КАС ќе донесе одлука за случајот во рок од три дена.


Администратор
02/06/2020 21:35