Повеќе од 40 милиони Американци, или еден од четворица вработени, првпат поднеле пријава за невработеност за време на пандемијата на новиот коронавирус, што ја затвори економијата на САД уште од месец март.

Според најновите податоци од Министерството за труд, такви пријави минатата недела поднеле 2,1 милион луѓе. Се дознава дека ова е десетта недела по ред кога пријави за неработеност поднесуваат милиони Американци. За споредба, никогаш пред март 2020 година САД не регистрирале еден милион пријави за невработени неделно – пред пандемијата неделните пријави биле околу 200 илјади.

Од министерството велат дека невработеноста во САД е во критична состојба и службите се преоптоварени со процесирање на милиони пријави.

Сепак, бројот на луѓе кои пријавиле невработеност повторно е опаднат до 21,1 милион, прв пад на овој број од почетокот на пандемијата. И ако тој тренд продолжи, велат економистите, ситуацијата со невработеноста во САД може постепено да се подобри.

Сојузните држави во САД деновиве започнаа со отварање а бизнисите, додека економистите, политичарите и вработенит се надеваат дека луѓето ќе можат да се вратат на работа.


Администратор
29/05/2020 02:42