Почитувани граѓани, претставници на медиумите, како што знаете и самите, Владата на РСМ го одобри третиот пакет на економски мерки каде еден од трите столба беше вклучен земјоделскиот сектор со цел да се надминат што е можно побрзо последиците што ги предизвикува коронавирусот. Ние како Министерство за Земјоделство во време на вонредна состојба се посветивме во поддршка на земјоделците и земјоделството за да можат сите земјоделски активности да се одвиваат непрекинато односно поддршка за стабилизација и раст на нашата економија.

Со третиот пакет мерки :

1. Преку Развојната Банка на РСМ веќе 5 милиони евра нови средства, преку поволна кредитна линија се достапни за поддршка на микро, мали и средни претпријатиа кои произведуваат, преработуваат и извезуваат земјоделски производи. Со користење на овие мерки претпријатијата ќе ја зголемат вработеноста и конкуренцијата во внатрешниот и надворешниот пазар.

2. Ја зголемивме поддршката за субвенционирање на трошоцоте за зелена нафта за механизација, која минатата година оваа мерка ги покриваше трошоците до 30%, а оваа година таа се зголеми до 50%. Тоа значи на 50 илјади земјоделци ке им бидат обезбедени платежни картички во вредност од 4,6 милиони евра.

3. Со 3,5 милиони евра ќе ги стимулираме преработувачите на грозје за производство на алкохолен дестилат кој ке го користат локалните хемиски компании за производтсво на дезинфекциони средства против Ковид-19.

4. Нудиме јавно приватно партнерство во лозарството и тутунскиот сектор, поддршка за модернизација и зголемување на капацитети за производтсво и преработка на тутун и грозје,како битни извозни земјоделски гранки.

5. Реформата за ефикасна употреба на пасиштата ќе им овозможи на земјоделците да склучат долгорочни договориза користење на 500.000 хектари пасишта за пасење добиток.

6. Една од предложените мерки е консолидација на земјоделско земјиште за поголема земјоделска конкуренција со која се овозможува ставање во функција на целото обработливо земјоделско земјиште.

7. Со новата мерка од 3 милиони евра се поддржуваат малите семејни фарми и малите винарии и овозможува добивање на грантови до 10 илјади евра за опрема за преработка, за маркетинг на растителни производи и млеко и месни производи. Корисници на ова мерка се субјектите кои се регистрирани во регистарот на Министерството за Земјоделстви и во регистарот на Агенциата за храна и ветерина.

8. Преку Светската банка обезбедивме 50 милиони евра за модернизација на земјоделството каде е планирано да се изградат два дистрибутивни центри и модерна платформа Агри Хаб, со цел да се создаде финален производ за домашниот пазар и извоз.

Покрај мерките споменати погоре за време на вонредна состојба реализиравме и интервентни мерки:

– Ги ставивме во мирување сите рокови на јавни повици и проекти од националните програми и програмата ИПАРД 2.

– за да се покрие загубата на земјоделците и сточарите поради намалена откупната цена на добитокот и на зелката како резултат на моменталната состојба, донесени се интервентни мерки: за зголемување на вкупната финансиска поддршка за женско јагнекое достигна до 2500 денари по глава и 3 денари по килограм продадена зелка од 5 ти април до 5 ти мај, кај регистрирани откупувачи, запишани во регистарот на откупувачи

– Се одобри финансиска поддршка од 14.500 денари за април и мај за земјоделците регистрирани според законот за деловни компании.

Субвенции

Треба да се напомене дека секоја година МЗШВ подготвува меркиза поддршка и развој, кои се спроведуваат преку Агенцијата за Финансиска Поддршка за Земјоделство и Рурален Развој

Од почетокот на годинава исплатени се 85 милиони евра субвенции за сите основни мерки што беа планирани од страна на МЗШВ. Исто така и понатаму ќе проложиме со плаќање на субвенции на време и неселективно.

Програмата за Рурален Развој

Во рамките на Министерството за земјоделствоод Програмата за Рурален Развој веке се почнати инвестиции во руралните средини со околу 200 проекти во 80 општини на целата територија кои ке ја подобрат општинската инфраструктура во руралните срединипреку капитални инвестиции за изградба на патишта, реконструкција на локални патишта, канализации, водснабдување, урабнистички планови, и др.

Исто така Министерството за Земјоделство продолжува со капиталните инвестиции за изградба на системи за наводнување на земјоделско земјиште и со изградба на браниинвестирани од централниот буџет.

Во тек еизградба на

– системот за наводнување Јужна Вардарска Долина,

– изградба на браната Конско во Гевгелија и

– изградба на хидросистемот ‘’ Равен – Речица ‘’ чија вредност на проектот е 15 милиони евра.Кој е проект за наводнување наоколу 3.200 хектари земјоделско земјиште во Горно Полог и Полошкиот регион кој ги опфаќа регионите на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Реализацијата на овие проекти е во тек и продолжува со предвидената динамика.

Се надевам и посакувам да излеземе што е можно поскоро и со помалку последици од оваа ситуација што не опкружи сите.

Прес конференција на преставникот на ДУИ и државен секретар во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику


Администратор
28/05/2020 15:12