Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи, според распоредот, на почетокот на септември, имајќи предвид дека ширењето на новиот коронавирус во Италија забавува, изјави денеска претседателот на регионот Венето, Лука Заја.

– Поради застојот во филмската индустрија, наметнат за да се спречи ширењето на Ковид-19, на фестивалот најверојатно ќе учествуваат помалку продуценти, истакна Заја, кој е член на Управниот одбор на Венецијанското биенале.

Во јануари беше објавено дека актерката Кејт Бланчет ќе претседава со жирито на 77-то издание на најстариот филмски фестивал во светот.

Филмскиот фестивал во Кан, кој е најголем на светот, беше принуден да ги одложи годинешните случувања овој месец поради епидемијата на коронавирусот.


Администратор
25/05/2020 00:54