Дефанзивецот Јан Вертонген е близу да го напушти Тотенхем. На 30 јуни е датумот кога на играчот му завршува договор со клубот од Лондон.

Белгиецот би сакал да потпише нов договор со Тотенхем на две години и плата од 70 илјади фунти неделно, но раководството на Спарс сè уште не е подготвено да се согласи со овие услови.

Триесет и тригодишниот Вертонген е член на Тотенхем од 2012 година. Тој оваа сезона на 19 натпревари има еден гол и една асистенција.


Администратор
23/05/2020 00:14