Десет европски земји изразија жалење и загриженост денеска поради одлуката на САД да се повлече од меѓународниот договор „Отворено небо“, објави денеска француското Министерство за надворешни работи.

„Жалиме за намерата на американската Влада да се повлече од договорот и споделуваме загриженост што ја изрази Русија“, се вели во заедничката изјава од десет земји на Европската унија, вклучително и Франција, Германија, Белгија, Шпанија и Холандија.

САД ги известија другите влади-партнери за повлекување од меѓународниот договор наречен „Отворено небо“ (Open Skies Teraty), со кој се овозможуваат извидувачки летови на невооружени авиони над територијата на земјите потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти.

САД соопштија дека сакаат да се повлечат од договорот затоа што Русија го крши, како и затоа што снимките направени за време на тие летови можат да се добијат побрзо и поевтино од американските или комерцијалните сателити.

Повлекувањето на САД треба да стапи во сила за шест месеци.


Администратор
22/05/2020 23:07