Српкиот претседател Александар Вучиќ и министерот за одбрана Александар Вулин денеска ја коментираа изјавата од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за Газета Експрес дека „се противи на корекција на границите меѓу Белград и Приштина“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател искоментира дека „Пендаровски со изјавата им се додворува на Германците“, додека Вулин наведе „Пендаровски никој не го прашува и може да молчи на јазикот кој само Србија го признава“.

Министерот за одбрана, Александар Вулин, претходно преку соопштение од Министерството за одбрана реагираше на ставот на Пендаровски.

-Малкумина во Македонија го прашуваат Пендаровски за било што, а уште помалку е важно што мисли за прашањата во соседните земји. Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не го признава, а на други јазици може уште погласно да молчи, затоа што никој не го прашува ниту го прифаќа неговото мислење, кажа Вулин.


Администратор
16/05/2020 23:03