Денес во емисијата „Отворено Студио“ на Телевизија 24 гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека во регионот сме помеѓу првите по смртност од корона вирусот, поточно Македонија се наоѓа на второ место веднаш по Словенија.
„Ако ги гледаме бројките по трите основни параметри по која што можеме да ја цениме успешноста на мерките, тоа е бројот на луѓе кои што го загубиле животот на милион жители, бројот на луѓе кои што се инфицирани на милион жители, и бројот на тестови направени на милион жители. И доколку се анализираат 10 држави од регионот ќе видите дека Македонија е во долната половина“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека по бројот на луѓето кои што го загубиле животот на милион жители во регионот, ако се анализираат државите од Словенија преку Босна, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Турција, Албанија, Грција, Македонија е втора по смртност веднаш позади Словенија.
„Ако го гледаме бројот на заболените на милион жители ќе видиме дека сме трети. Ако го гледаме пак бројот на тестирани од 10 сме на седмото место. Така што бројките тука морам да признаам не се на наша страна, но секој човечки живот спасен навистина е голем успех, бидејќи секој човек вреди“, нагласи Мицкоски.
„Консензус е потребен и кога станува збор за образование и за здравствто но не само за тоа и за многу други работи. На политичка дебата ако го сведеме тоа зошто нема консензус, па има консензус нема да дојдеме никогаш до одговорот на тоа прашање, треба да го покажаме тоа на дело. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ одлучила да изгради клинички центар кој ќе чини одредена сума на пари, тие пари ги обезбедила од Европската банка за обнова и развој направле проект и така натаму и почнал тој проект да зажувнува. Доаѓа друва влада вели ова не чини, ова не е добро , ние ќе го поништиме тој тендер, ќе платиме казна за тиа средства кој што ги земала претходната влада и ние сега ќе правиме нов клинички центар на друга локација во Визбегово и тоа трае дена година.После година и поливина викаат дека одлучија дека тука нема да прават, ќе прават накај Ѓорче Петров, истакна“, Мицкоски.
Мицкоски во своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со програмата со која што планираше да излезе на предвремените парламенарни избори имаше поинаков пристап од аспект на здравството и ценеше дека тие пари кои што се предвидоа за тој клинички центар од 500 милиони евра ценеше дека се фрлени пари.
Во врска со ова Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ мисли дека дека не треба да се инвестира во тули, туку треба да се инвестира во човечкиот капитал.