Историчарот Ванчо Георгиев, кој е и член на мешовитата историска комисија со Бугарија, нагласува оти револуционерот Гоце Делчев е предмет на имагинарен историографски спор зад кој стои политика.

-Ако денеска направиме една анкета меѓу Македонците ќе видиме дека името на Гоце Делчев , неговото име, лик, портрет се најпрепознатливи од сите. Самото ова е објаснување зошто Делчев е предмет на жолчната расправа во овој имагинарен историографски спор, не би рекол спор меѓу народите , туку токму историографски -зад кој има веројатно и политички причини, објаснува Георгиев за Алфа.

Но, Делчев не може да биде ништо друго освен она за што се залагал: автономна Македонија, вели Георгиев.

-Во секој случај Делчев го заслужува оправдано тоа место затоа што тој е најголемиот фронтмен на македонската револуционерна борба за автономија на Македонија, во рамките на османлиската држава, при тоа, сваќајќи ја автономијата како етапа за создавање на независна македонска држава, додава историчарот.