За жал СДСМ наместо да се посветат на спасување на човечки животи, посветени се и исклучиво размислуваат за следните парламентарни избори коишто што и да прават ќе ги загубат. И гледаме се обидуваат да ја злоупотребат маката на луѓето, на оние коишто немаат и на оние коишто се во лоша состојба. Гледаме дека и за тоа се рекламираат, обвинува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Логично се поставуваат неколку прашања. Прво очекувам СДСМ да одговори: Колку вкупно таканаречена помош е поделена, во која количина и каде? Второ: Од каде истата е купена? Трето: На кој начин се обезбедени средствата со кои овие материја се купени? Четврто: да покажат во јавноста фактури дека навистина тоа што го купиле е платено. Петто: Да кажат на кој начин ги селектираат оние треба да добиваат помош. А по мене е најбитно да одговорат, зошто не ги следат препораките коишто нивната влада ги носи, а тоа е дека постои еден центар каде што сите коишто сакаат да помогнат и да донираат, треба да ги уплатат сопствените средства. Она коешто ние го имаме како сознание е дека се работи за директен потпуп на гласачи, дека е ова акција којашто била планирана за во тек на изборите, затоа што изборите требаше да се одржат на 12-ти април, но сега заради коронавирусот им се пореметиле плановите, истакна тој.
Николоски обвинува за коруптивност и алармира за основ на кривична одговорност.
-И дека се обидуваат да прават директен поткуп на гласачи што е тешко казниво дело. Од ова место ги повикувам Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да поведат постапка, против политичката партија СДСМ и да проверат на кој начин овие таканаречени донации се обезбедени и на кој начин се делат. Сметам дека има многу коруптивност и основ за покренување на кривична одговорност за врвните раководни лица во СДСМ заради овој поткуп којшто го вршат, порача Николоски.