За да се спаси економијата потребно е сите да помогнат, туку почнувајќи од државата преку банките до најголемите компании како носители на економската активност. Мислам дека и на банките им е јасно дека доколку колабира економијата ќе нема ниту кој да остави депозите во банките како би можеле банките тие пари да ги користат и да ги враќаат во стопанството и кај граѓаните како кредити, ниту пак ќе може оние кои земале кредити и граѓаните и стопанството да ги враќаат тие кредити и тоа може за жал да ја доведе ситуацијата пред колапс, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во вестите на Канал 5.
Николоски додаде дека уште на самиот почеток од кризата ВМРО-ДПМНЕ до владата апелирале владата да ги субвенционира каматите на граѓаните и фирмите во периодот додека траела кризата, се со цел да им се помогне на сите да го преживеат овој кризен период.
-ВМРО-ДПМНЕ уште на почеток на кризата на една од првите прес конференции апелираше државата да ги субвенционира каматите по однос на кредите кои што ги имаат граѓаните и стопанството во период додека трае кризата. Затоа што тоа е потребно како олеснување на македонското стопанство и на граѓаните. Втора мерка која што треба да се направи секако банките може или да се откажат целосно или делумно од пресметувањето на каматите, има некои луѓе кои што сугерираат дека тие треба да бидат на висина на она што се трошоци на банките и она што е камата која што Народната банка ја пропишува. Тоа е исто така една солидарност, така што модалитети на солидарност постојат и тие треба да бидат комбинација на мерки кои што ќе ги направи владата и мерките кои што ќе ги направат банките, да владата даде помош, а секако банките да се откажат во делот на својот профит но никако тоа да не ја наруши нивната ликвидност затоа што тоа е битно за целото стопанство и на тој начин да им се помогне на македонските граѓани и фирми да го преживеат овој период, истакна Николоски.