Менторот на Арсенал, Микел Артета откри дека планира две или три различни сценарија кога станува збор за летниот трансфер прозорец на „топџиите“. ФИФА во средата објави дека ќе дозволи преместување на летниот преоден рок и препорача договорите за играчи да бидат продолжени до крајот на сезоната.

Во моментов, Арсенал ги има Дани Себаљос и Седрик Соареш во својот список, со опција да го купи Пабло Мари на постојана основа. Артета минатиот месец сподели дека „топчиите“ треба да седнат на преговарачката маса за нов договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг до крајот на сезоната.

– Планирам две или три различни сценарија со кои ќе се соочиме. Во зависност од едно од нив, ќе можеме да направиме повеќе, помалку или ништо. Мораме да реагираме од ден на ден. Не знаеме каква ќе биде финансиската состојба, не ги знаеме правилата, времето, прозорецот. Има толку многу работи што не можеме да ги контролираме во моментов, изјави шпанскиот менаџер за „Скај Спортс“.


Администратор
10/04/2020 01:36