Во Србија во изминативе 24 часа регистриран е еден смртен случаи, со што вкупниот број на починати изнесува 66 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

-Од починатите лица 49 се од машкиот пол и 17 се жени, со просечна возраст од 64,3 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,03 отсто, изјави на денешната владина прес конференција членот на кризниот штаб, лекарката Дарија Кисиќ.

Во изминатите 24 часа е зголемен и бројот на тестирани, 1.584 лица, од кои регистриран е 201 нов позитивен случај на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија има 2.867 лица.

-Досега вкупно се хоспитализирани 1.907 пациенти, од кои 117 лица се тешки случаи и се ставени на респиратор, кажа Кисиќ.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 12.347 лица.

На Белградскиот саем кој има капацитет од 3000 кревети досега се сместени 164 лица, на Новосадски саем со 1000 кревети има 48 пациенти и спортскатa сала Чаир во Ниш со 256 кревети има 229 пациент со лесна клиничка слика на епидемијата.

Во Клиничкиот центар на Србија (КЦС) денес е завршена изградба на специјалната Ковид 19 лабораторија, која ќе може да изврши 2.000 тестови на ден.

-Ова е нова лабораторија за молекуларно откривање на заразни агенси, која е изградена во КЦС. Потребната опрема и уреди за викендот се очекува да пристигнат од Кина, а веднаш потоа, лабораторијата ќе започне со работа и со капацитет од 2.000 обработени примероци на ден значително ќе придонесе за побрза дијагностицирање на коронавирусот, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

Српската Влада денеска донесе одлука со која полицискиот час се продолжува и ќе важи од петок во 17 часот до 5 часот во понеделник (60-часовен карантин), наместо досега од сабота во 13 часот до понеделник во 5 часот наутро.


Администратор
10/04/2020 00:09