Влијателен универзитет во Вашингтон ги корегираше и намали своите предвидувања за смртноста од коронавирусот, но координаторката на кризниот штав на Белата куќа, Дебра Биркс, предупредува на можен втор бран на епидемијата доколку Американците не се приддржуваат на мерките за физичко дистанцирање, пренесуваат британските медиуми.

Експертите сметаат дека епидемијата во одредени средини на САД го достигна својот врв, но состојбата во Њујорк само статистички се смирува, бидејќи се уште расте бројот на заболени и умрени во другите американски држави.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, денеска изјави дека бројот на хоспитализирани во најголемиот американски град “е стабилизиран“ и дека проектираниот број на респиратори е поголем од вистинските потреби.

-Доколку сега луѓето се опуштат, посакаат да излезат надвор и да воспоствуваат социјална интеракција, може да ни сеслучи втор бран од епидемијата, предупреди коороднаторката Дебра Биркс.

Пандемијата го суспендира нормалниот живот во САД, бидејќи 94 отсто од Американците мораат да останат во своите домови а само изминатите две недели 10 милиони лица останаа без работа


Администратор
09/04/2020 02:17