Со симболично подигнување на ромското национално знаме и интонирање на химната „Целем целем“ на новиот парк пред џамијата „Бела Кула” во Кичево, Здружението на неформалната група на Ромите „Аваја“ од Кичево го одбележа „Меѓународниот ден на Ромите 8 април”.

Честитка по повод денот упати Емин Мамудоски, активист и претседател на НВО „Преродба“ од Кичево.

-Меѓународниот ден на Ромите е ден на прослава на ромската култура и подигањето на свеста за проблемите со кои ромите се соочуваат. Овој ден се одбележува полни 49 години, поточно од 1971 година, во спомен на првата Меѓународна средба на ромските претставници во Лондон од 7 до 12 април – рече Макудоски и додаде дека Ромите се препознатлив народ во цел свет, бидејќи ги има над 25 милиони, со свое знаме и надалеку прочуената химна „Џелем џелем“ или во превод што значи одам одам, како одлика на еден народ кој е постојано во движење.

Поради пандемијата другите културни активности беа одложени.


Администратор
09/04/2020 01:23