Четворицата членови на семејство од Берово, се обвините дека, за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, информираат од Јавното обвинителство.

-Тие се движеле со патничко моторно возило додека во сила бил полицискиот час, односно не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движње на територијата на Република Северна Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, соопштија од обвинителство.

Со своите дејствија, секој од обвинетите сторил по едно кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија , за што јавен обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог и му предложи на надлежниот суд да им изрече парични казни во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.​


Администратор
09/04/2020 01:21