Со коментар ОД ЖЕНА ЗА ЖЕНА“ денес на социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како две момчиња брутално тепаат девојка додека нивен другар снима со мобилен телефон.

„Бремена ли си, бремена ли си ку*во од мене, ајдук ќе ме правиш,“ се слуша во позадина додека со клоци и тупаници едно од момчињата ја удира девојката која моли да ја пушти и негира дека е бремена.

Првичните информации се дека станува збор за случај во Штип. Полицијата како што информираа работи на расчистување на случајот.


Администратор
02/04/2020 12:31