Општина Крива Паланка во координација со општинскиот кризен штаб денес го постави првиот пункт за дезинфекција на моторни возила кои влегуваат во општината.

-Денеска заедно со стручни лица веќе го поставивме првиот пункт за дезинфекција на моторни возила кој е лоциран на влезот на градот кај клучката со магистралнито пат А2, кај станицата за технички преглед. Во текот на утрешнито ден ќе бидат поставени и другите два пункта, на останатите влезови во градот. Со ова, обезбеден е уште еден вид заштита на граѓаните кои патуваат во соседните општини или во местата надвор од градот, но и на сите кои влегуваат и излегуваат од Крива Паланка поради своите обврски, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Апелираше граѓаните кои патуваат со моторни возила, задолжително, покрај дезинфекција на овие пунктови, да вршат и самите редовна дезинфекција на сопствените возила, но да се дезинфицираат и работните места.

-Општина Крива Паланка преку посебно издаден протокол за начин на однесување на работното место ги превзема сите мерки за превенција од КОВИД-19 на службениците и административните работници вработени во институците на локално ниво и конкретно, во општинската администрација во општината. Апелирам уште еднаш до сите граѓани, да не се создава никаква паника, ниту да се прават залихи од лекови или храна, како и дезинфекциски средства, туку секојдневно, доследно да се слушаат и почитуваат препораките на Владата и Министерството за здравство, додаде Мицевски.

Тој додаде дека граѓаните на Крива Паланка досега во најголем дел ги почитувале препораките, немало прекршувања на полицискито час, но потсети, особено младите, да не ги користат и посетуваат местата за рекреација и да се воздржат од излегување.


Администратор
30/03/2020 21:44