Провајдерот на телекомуникациски и медиумски услуги United Group, која работи во седум држави во регионот, во духот на солидарноста за борба со вирусот Ковид-19, ќе донира медицинска опрема и пари во вкупна вредност од три милиона долари, од кои за Македонија е обезбедена парична помош од 100.000 долари.

– Во деновите кога на сите им е потребна храброст и поддршка, United Group сака да помогне што побрзо сите заедно да ја пребродиме една од најголемите светска здравствена криза и да ја олесни работата на медицинските работници, а на граѓаните да им овозможи дополнителна сигурност, наведуваат во соопштение од компанијата.

Во рамките на United Grоup во Македонија работат Тотал ТВ, United Media со телевизиските канали Sport Klub, N1, Nova, Grand, Pikaboo, Vavoom, Cinemania, Lov i ribolov, iDJ, Brainz и продажната агенција Direct Media.

Наведуваат дека поради епидемијата што го услови останувањето на граѓаните дома, United Grоup веќе ги отклучи сите ТВ канали на своите платформи во целиот регион, за кои што доби дозвола, уверена дека е важно сите да бидеме солидарни и дека е битна секоја поддршка на граѓаните во целиот регион.

United Grоup како дел од водечката меѓународна инвестициска компанија BC Partners, работи во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.


Администратор
30/03/2020 21:15