Во континенталниот дел на Кина вчера се регистрирани 45 новозаразени со Ковид-19, девет слуичаи помалку од претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија.

Во Кина вчера се регистрани пет смртни случаи, сите во Вухан, каде во декември изби епидемијата. Но, во Вухан во изминатите десет дена пријавен е само еден пациент заразен со новиот коронавирус. Сите новозаразени се од странство.

Во изминатите седум дена Кина пријави 313 „увезени случаи“ и само шест пациенти, кај кои е потврдено дека дошло до локална трансмисија,

Во континенталниот дел на Кина вкупно починаа 3.300 луѓе, додека 81.493 се инфицирани.


Администратор
29/03/2020 11:46