Револтирана мајка на една од повратниците од Словенија раскажува дека нејзината ќерка и останатите патници се оставени без вода, храна и тоалет и се затворени во автобус во Маврово.

Таа ја советувала ќерка си да го скрши прозорот за да има свеж воздух.

- Денес сабајле во 11 ќерка ми тргна среќна да се враќа од Словенија за Македонија, со авионот од амбасада, (170 евра шо не е важно но..) и секако без вода оти не може во авион. Еве уште, а сега е 20.15, вода нема пиено, во тоалет нема одено. Така што од 15.30 е затворена во автобусот пред Макпетрол, Маврово, чекајќи преглед за да ги сместат. Нема воздух, шоферот си отишол, нема кај да се бунат, затворени ко најголеми криминалци. И реков да скршат прозорите, ама кај ќе мочаат и од кај вода? Пресови, вести не слушајте, седете си у државите кај што сте не се враќајте ич. Е... ти и Северна и Филипче и се и стоката лажлива. Кој може и сака нека шерува, стои во нејзиниот фејсбук статус.


Администратор
29/03/2020 01:28