Данскиот фудбалер Пионе Систо ја прекрши клупската дисциплина во Селта, влезе во автомобил и возеше 27 часа до родниот Копенхаген во „бегството“ од Шпанија и тамошната ситуација со коронавирусот.

На таков потег се реши од страв од заразата во Шпанија и суспензијата на сите летови, па единствена опција што му преостана беше да седне зад волан и да вози 3.000 километри до Данска.

Управата на Селта најави дека ќе следува казна за Систо штом се врати во клубот и екипата почне со тренинзи.


Администратор
29/03/2020 00:26