Две лица од Делчево казнети за непочитување на мерката за самоизолација. Првата кривична пријава од страна на Одделението за внатрешни работи Делчево му е поднесена на шеесет и две годишниот Ф.Т од Делчево, кој се товари за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

-На 13 март 2020, при проверка од полициски службеници, пријавениот Ф.Т не е затекнат на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, инфомираат од ОВР Делчево. Втората кривична пријава поради сличен прекршок ја заработи и Т.Н.(47) од село Град. -На 18 март 2020 во 12:30 часот во село Град, при проверка од полициски службеници, пријавениот не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако, исто како и во претходниот случај примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство и потпишал изјава за 14-дневна самоизолација, информираат од делчевската полиција. Кривичната пријава на 47 годишниот жител на село Град му ја поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.


Администратор
28/03/2020 13:03