Екипи на Општина Центар и денеска ги дезинфицираат зградите во делови на Општината.

Како што соопштија од Општината, со средство за дезинфекција темелно се дезинфицираат влезовите, ходниците, заедничките простории и лифтовите, сѐ со цел намалување на опасноста од ширење на зарази, вируси и бактерии, вклучително и вирусот Ковид 19.

Со течен концентрат за дезинфекција и процес на чистење со активен кислород, кој има високо гермицидно дејство, службите на Општина Центар ги дезинфицираат и јавните површини околу зградите во Општината.

Концентратот е еколошки, биоразградлив, воопшто не ја загадува околината и делува против сите видови грам-позитивни и грам-негативни бактерии, спори на бактерии, вируси и габички.

Денеска се распрскувшње на јавните површини во населбата Дебар Маало, а со оваа активност ќе се продолжи и во другите делови на Општината.


Администратор
27/03/2020 14:38