Почина заменик шефот на мисијата во британската амбасада во Будимпешта Стивен Дик, кој беше заразен со вирусот Ковид-19, соопшти денеска Форин офисот.

Како што е наведено во соопштението, 37-годишниот дипломат починал вчера во Унгарија.

Дик беше заменик на британскиот амбасадор во Унгарија од декември минатата година.


Администратор
26/03/2020 01:33