Педесет и седум годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции доцна синоќа посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од коронавирус.

-За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден вчера и тој бил позитивен, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека брисот бил земен заради наглото влошување на состојбата, што, како што истакна, е нетипично за друга болест и тоа ги натерало лекарите да се посомневаат и да земат уште еден, трет брис.

-Заедно со неа е хоспитализиран и нејзиниот син, 2-3 дена после неа во текот на минатата недела. Тој имал 33 години, вчера настанало влошување на состојбата и бил прво префрлен во Одделот за изолација на Клиниката за пулмологија и после според протоколот е префрлен на Клиниката за инфективни болести каде што е сега сместен, хоспитализиран во стабилна здравствена состојба, истака министерот Филипче.


Администратор
22/03/2020 15:35