СДСМ се однесува како воен профитер. СДСМ заборави да го зашитити здравјето на граѓаните ама не заборави да краде. Неспособноста се плаќа со животите и здравјето на луѓето

И ВМРО-ДПМНЕ како и граѓаните се во неверување за скандалозното однесување на власта во овие тешки моменти. Респираторни машини кои што се најпотребни за граѓаните кои имаат респираторни проблеми поради коронавирусот се набавуваат по 4 ипол пати повисока цена од реалната, не се одбира ниту најниската понуда, а респираторите се уште не се ниту пристигнати.

Ситуацијата со коронавирусот во Македонија е алармантна, но некој се уште мисли на личното богатење и профитерство во овие тешки моменти.

Ова е срам за СДСМ, срам за Владата, но и срам за Македонија. Обвинителството има доволно материјал за да спроведе истрага, го повикуваме веднаш да го стори тоа по допрен глас.

Во прилог ви ги доставуваме понудите од кој се гледа криминалот со респиратор на СДСМ профитерска.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ