Светот и Македонија се пред предизвикот на Корона вирусот. Медицината се уште нема одговор на оваа пандемија.
Докторите и медицинскиот персонал несебично се тука да им помогнат на сите со тегобите на овој вирус.
Таа несебичност сега треба да ја споделиме сите. Бидете и вие несебични, помогнете им на докторите, за да бидеме тука за оние на кои им е најпотребно. Почитувајте ги препораките, избегнувајте било какви контакти.
Секој може да е следен преносител на вирусот, дури и без да знае.
Избегнувајте непотребни движења меѓу луѓето, избегнувајте собири. Заштитете се.
Штитејќи се себе, го штитите и своето семејство, своите најблиски.
Ова е време на одговорност, бидете одговорни, кон самите себе и кон најблиските.
Само со одговорност, може адекватно да се одговори на овој предизвик.
Бидете дел од оние кои што ќе го прекинат ланецот на пренесување на овој вирус.
Бидете дел од оние кои ќе помогнат сето ова полесно да помине. За сите нас, заедно. Да ги почитуваме препораките.
Да го минеме предизвикот со што помалку загрозени пациенти. Затоа што секој еден живот вреди.
Интегрален текст од видео обраќање на д-р. Марија Јовановски Срцева