На планетарно ниво се соочуваме со силно искушение кое не допира и директно не засега сите, без оглед на полот, националната припадност, вероисповеста или расата.
Заедно се соочуваме со предизвикот на свесноста и совесноста и оттука сме силно поврзани во мислата: Како да се справиме со ова зло?
- Секако одговорот е очигледен, со внимавање и со одговорно однесување, без страв и без паника, ве уверувам дека ќе успееме и ќе го надминеме ова премрежје. Да ги следиме препораките од докторите и стручните лица, да ги почитуваме протоколите на однесување, и најважно да го задржиме здравиот разум, затоа што така спасуваме човечки животи, и сето ова вреди затоа што секој живот вреди.
Да сте ми живи и здрави!
Интегрален текст од видео обраќање на Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ