Заклучно со 20.03.2020 година, односно заклучно со вчерашниот ден во Република Македонија официјално се евидентирани 76 позитивни случаеви на коронавирус. Најголем број на регистрирани новозаболени пациенти почнувајќи од 26.02.2020 кога е регистриран првиот случај на коронавирус во нашата земјасе во текот на вчерашниот ден и тоа 28.

Од вкупниот број на пациенти, 40 пациенти се од Скопје, 30 од Дебар, по двајца пациенти се од Штип и Кавадарци а по еден заболен случај е регистриран во Охрид и Гостивар.

Најмладиот пациент има 4 години додека највозрасниот пациент е над 60 годишна возраст. Ако се изземе најмладиот пациент, просечна возраст на заболените се движи околу 40 години.

Процентуално гледано според години заболени пациенти од 0 - 15 години се 5.41% од 16 - 49 години се заболени 43.24% од 50 - 59 години се заболени 43.24% додека над 60 години се заболени 8.11%.

Според пол се 48.65% жени додека 51.35% се мажи.

Досега во Македонија се тестирани 888 граѓани, од кои во текот на вчерашниот ден се тестирани 648.

Во Република Македонија со решение или наредба во самоизолација се ставени вкупно 3787 граѓани од кои во Скопје 1.088, во Тетово 185. во Куманово 221, Штип 246, Струмица 172, Битола 140, Охрид 205, Велес 99....

Лица кое се под надзор на МВР, заклучно со вчерашниот ден се 349 од кои во Скопје се 230, во Охрид 82, во Битола 32, во Гостивар 17, во Струмица 11....

Заклучно со 20.03.2020 во Република Македонија нема починати лица а 1 лице е излечено од вирусот.


Администратор
21/03/2020 01:34