Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил реагираше по појавувањето на стикери со ликот на Венко Филипче велејќи дека подобро е да се фати власта за работа отколку да прави стикери.
- Стикерите нема да нѐ спасат од Короната, но работата на надлежните секако ќе влијае за намалување на последиците. Затоа, наместо стикери фатете се за работа, затоа што не е само Дебар, туку и Гостивар, Штип, Охрид, Скопје... Економијата е во колапс, светот ги брои жртвите, а што прави владата? Прави стикери! Треба поголема сериозност на власта и итни мерки, напиша Мицкоски.