Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарски прашања истакна техничката министерка во Министерството за финансии ќе стави потпис на задолжувањето преку еврообврзницата од 400 милиони евра.
- Утрово добивме таква информација дека министерството за финансии сака да издаде обврзница во висина од 400 милиони евра.
Тоа задолжување оди, како што кажав, со врзан потпис заради техничката влада. Ова е потврда дека на нашите очекувања кои ги имавме и причините зошто се сакаше да се воведе вонредна состојба, а не кризна. Ние сме спремни и ќе го поддржиме ова барање за евро обврзница, нема да бидеме како СДСМ кој што во 2005-2006-тата година кога исто така во услови на криза праќаше писма до директорите па, пораснаа каматите. Напротив, ние сме спремни да го поддржиме и ќе го поддржиме ова но, под еден услов да се формира комитет кој што ќе следи за што се трошат овие средства.
Значи потребно ни е транспарентно трошење на средствата. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи земање на обврзница само доколку и ако се формира комитет кој што ќе следи на дневна основа на кој начин се трошат овие средства. Транспарентност и целисходност на трошењето на овие средства.
Доколку истите се потрошат за мерките кои ние ги бараме, тогаш тоа е добар чекор. Но, доколку се трошат за нови вработувања во администрацијата или за сомнителни бизниси на одредени членови на семејството на Заеви, тогаш секако дека нема да се согласиме, истакна Николоски.