Театарот е место каде што се отсликува животот со сите добри и лоши работи што тој ги носи со себе.

Во театарот, за разлика од животот , мртвите стануваат да се поклонат на крајот кон публиката.

Во животот тоа не е така.

Господ те чува онолку колку што се чуваш и ти.

Затоа е најдобро ние самите да го заштитиме своето здравје.

Сега се потребни совесност, одговорност и посветеност.

Само така ќе се однесуваме човечки и одговорно кон блиските и кон љубените, кон соседите и кон сите останати.

Да извлечеме поука од минатото.

Секогаш кога сме биле сложни, разумни и посветени- сме победувале.

Верувам во победата над овој невидлив непријател.

Останете дома, читајте, и гледајте театар онлајн.

Македонија има сила и за оваа победа, затоа што секој живот вреди!

Интегрален текст од видео обраќање на Тони Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ