Претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски вечерва за телевизија ТВ21 говореше за прогласувањето на вонредна состојба во државата поради корона вирусот.

„Ние уште од пред седум дена беше таа прес конференција кога побаравме кризна состојба зошто ценевме дека кризна сотојба која што е степен повисок за заштита на населението може да се превенира во понатамошно ширење на оваа пандемија која што не затекна. Тоа беше пред 7 дена откако во текот на вчерашнио ден нашите позиции ги презентиравме на разговорот кај претседателот Пендаровски и понатамошниот развој на настаните поготово неговото гостување на една телевизија каде што кажа практично државата нема сили во моментот да прогласи кризна состоба на целата територија на државата, практично би се довела државата до колапс“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде има побарано од страна на претседателот прогласување на вонредна состојба, се со цел за да можат оние кои што им е најпотребна помошта од државата да ја добијат на време и да практично државата колку може да им помогне на оние кои што се најпогодени. Мицкоски апелираше за разум, и апелираше до сите граѓани дека оваа состојба заедно ќе биде победана, без разлика што во државата имаме политички профитери и целата ситуација ќе им се удри од глава.

„Важно е да ја сочувамме присебноста, да го сочуваме разумот а до политичарите во Владата пособено до оние во министерството за финансии и финансиските институции ги замолувам сериозно да ги разгледаат нашите предлози да бидат партнер со бизнисот, да не дозволиме да го уништиме бизнисот, а потоа да ни требаат месеци повторно да го воспоставиме“, истакна Мицкоски Мицкоски додаде дека здравјето на граѓаните е пред се и над се и да се бориме да го сочуваме здравјето на граѓаните.

Тој изрази благодарност и на лицата кои се во првите редови со справување на епидемијата, но и упати апел и до властите да ги разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ги отфрлајте предлозите, затоа што Мицкоски ги дал предлозите или ВМРО-ДПМНЕ, разгледајте ги и ќе најдете квалитетни предлози, бидејќи знаеме како треба да се справуваме и знаеме дека можеме ова да го пребродиме заедно“, рече Мицкоски.