Централниот Изборен Штаб на ДУИ, по телефонските консултации со лидерите на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

Во недела, на 22 март, лидерите би требало да се сретнат за да донесат заедничка одлука согласно околностите.

Апелираме до граѓаните да не паничат, да останат дома и да се присебни почитувајќи ги насоките на авторитетите.

За сите граѓани кои имаат потреба да им се излезе во пресрет, нашата телефонска линија 08005500 ќе биде на располагање од Понеделник заедно со нашите активисти и сите наши структури при што сите тие ќе ги почитуваат препораките за претпазливост со употреба на ракавици, маски, дезинфекција.

Демократска унија за интеграција