„Мало сутра“ ќе формирате Влада на исти принцип како во 2016-та со загубени избори, му порача Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот политички опонент Зоран Заев на партиската конвенција за промовирање на кандидатите за пратеници.
- Ако до пред 3 месеци убедуваше дека ќе победел на изборите, сега на партиските состаноци ги лаже дека ќе изгуби СДСМ, ама малку, тесно, за два до три пратеника, а он ќе формирал влада. Значи почнаа со тесна победа да завршат сега пак со тесен пораз. Не би го употребил она неговото знаете познатото „мало сутра“, ама неодминливо ќе искоментирам господине Зоран Заев грешна ви е проценката. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а ова не е филмот кој што го гледавте еднашка во 2016-та година. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи влада. И за бадијала се храбрите дека некој од надвор бил на ваша страна, вистината е дека нашите пријатели, меѓународната заедница не сакаат пактови со криминалци и неспособни луѓе, а нив најмногу ги интересира европската иднина за што ВМРО-ДПМНЕ го има решението. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи сите потребни реформи со кој по изборите ќе ја внесе државата на брза трака кон Европската Унија, бидејќи 4 години оваа власт не држи во место, потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.