Носителот на изборната единица 3, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска од партиската конвенција за промоција на кандидатските листи за пратеници порача дека крајот на власта која и нанесе огромни штети на нашата земја мора да дојде на изборите на 12-ти април.

- Една земја е успешна, колку што нејзиниот народ е среќен. Жалам што мора да кажам дека Македонија никогаш не била понеуспешна, а народот понесреќен а причината за тоа е овој хибриден режим на оваа криминално рекетарска банда на власт и таа има свое име и презиме а тоа е Зоран Заев.

Власта на Заев ја уби секоја надеж на граѓанинот и создаде чувство на апатија поради изневерените очекувања, поразите и неуспесите кои ги донесе. Резултатот на тоа се десетици автобуси кои неделно заминуваат од Делчево, Кочани, Штип, Велес, но и Битола, Тетово, Куманово Скопје.

Заминуваат од државата која забрзано се празни. Се празнат селата и градовите во нашата Македонија. За тоа виновен е Заев и неговите погубни политики, особено во оние во Луј Витон судството, а кога сме тука, тука го имаме најдобриот тандем, тандемот Зоран Заев и Катица Јанева.

Пред 4 години ветуваа живот, а донесоа пустош. Се сеќавате носеа чевли пред владата, ветуваа ќе ги врателе младите, а што добивме, добивме невиден егзодус, бела чума и масовно отселување. Што фатија, исушија. Се дограбаа до власт и почнаа да работат само на свое лично богатење.

Верувам во верниот исток, верувам во народот и верувам во вас, заедно ќе се избориме за повеќе и подобро. Македонијо време е за одлуки. Обновата не е само политички и партиски слоган. Обновата е планот за подобро утре.

Ве повикувам сите кои искрено ја сакате Македонија да застанеме рамо до рамо и заедно да почнеме да извојуваме победи. Првата ќе биде токму на 12 април.

Ова го должиме на нашата татковина. И го должиме идеалот за Успешна Македонија и тој идеал за успешна Македонија е вистинскиот патриотизам, истакна Јанушев.