Носителот на листата на кандидати за изборната единица 2, Владо Мисајловски на денешната конвенција истакна дека на изборите на 12-ти април треба да биде поразен Заевизмот.

- Има една чудна појава што сите ние треба да ја совладаме, сите знаете дека тоа е Заевизмот. Сите може да го препознаете тој Заевизам, обично се пренесува со лага од човек на човек или лага во толпа. А за да ги видите симптомите тоа е едноставно, раката на гради и главата надоле. Затоа тие лаги мора ние да ги победиме, затоа слушнав сега во најавата колку нови проекти ќе има во Македонија. Тоа значи обврска за сите нас, тоа значи обнова којашто сите ние треба да ја спроведеме. Затоа ве замолувам сите, да ве поздравам и сите оние коишто не сте на листите, сите што работите секој ден за ВМРО-ДПМНЕ, а се разбира и Коалицијата за Обнова на Македонија, сите да излеземе на терен да ги посетиме граѓаните, да им се извиниме ако нешто сме погрешиле во минатото, но она што ќе го ветиме, да го исполниме. Има навистина многу работа на терен, јас во мојата Изборна единица ќе имам тешка борба, ќе имам борба со технички премиер, зборам за политичката борба со техничката министерка за внатрешни работи, директорката на УЈП, раководител на УЈП, целиот систем на прогон влегува во Втората Изборна единица. Но, јас ги имам овие луѓе тука и сите на купче ќе ве победиме, да знаете, истакна Мисајловски.