Претседателот на Алијансата за Албанците , Зиадин Села имаше средба со директорката за Југоисточна Европа, Турција и земјите членки на Европската асоцијација за слободна трговија при МНР на Германија, Сузана Шулц.
Според партиското соопштение,на средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, изборите на 12 април и ставот на Алијансата за Албанците во воспоставувањето одржливи политики кои обезбедуваат стабилност и безбедност во земјата.
Во овој поглед, претседателот Села ги образложи сите напори за кои Алијансата за Албанците го даде главниот поттик за да се постигнат потребните измени за доброто на општиот интерес, како што се уставните измени и промената на името на државата.
Претседателот Села, исто така, ја истакна потребата за реформи во судскиот систем, здравството, образованието и сите други реформи потребни за создавање стабилна и сигурна држава, за што Алијансата за Албанците во својата програма предвидува конкретни чекори за постигнување на овие цели.
Засегнатите страни го оценија состанокот како многу конструктивен.