Како со сѐ во државата, власта и Заев ги опустошија и езерата за личен профит, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
•Тиквешко езеро намалено за 70%. •Езеро Калиманци намалено за 75%. •Езеро Турија намалено за 65%. •Прилепско езеро намалено за 85%. •Преспанско езеро – изгубена вода во количина колку две Дојрански езера. •Стрежевско езеро намалено за 72,5%. •Очајна е состојбата со Мавровското и Дебарското езеро.
Негрижата ги уништува македонските езера. На удар се граѓаните и престои проблем со вода за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и економијата.
Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати. Обновата победува!, пишува Мицкоски на Фејсбук.