Нашата држава додека тоне на секое поле, Заев не убедува дека блескаме.

Граѓаните на Република Македонија живеат во секојдневие исполнето со порази и измами, сервирани од Зоран Заев.

На лагата и се кратки нозете, се поголем број на граѓани отворено го изразуваат незадоволството од погубните политики на власта, неостварените ветувања, неработењето и неспособноста на Зоран Заев и неговата криминална банда.

Животот дојде за малкумината околу Заев, додека 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден.

Зоран Заев веќе не може да ги лаже и манипулира граѓаните на Република Македонија. Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија на 12-ти април.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ