Директорот на Клиниката ТОАРИЛУЦ и близок семеен партнер на Венко Филипче признава дека од 2015 година има имот во плацот ШПАНСКО СЕЛО 2 на Водно.

Тој имот е заеднички со семејството на Венко Филипче и со добитникот на тендери во здравството од речиси 8 милиони евра. Тие договори се потпишани во време на директорувањето на Илир Хасани и министерувањето на Филипче со здравството. Тендерите се добивани и од Министерството и од Клиниката водена од Хасани, како и од други институции под министерството за здравство водено од Венко Филипче.

Со тоа Директорот Илир Хасани го потврдува и неговиот и конфликтот на интереси на Венко Филипче како министер за здравство. Двајцата кои што од најмалку 2014 година знаеле точно за кого станува збор, потпишувале договори за набавка на лице заеднички семеен односно личен сосопственик на парцелите на Водно.

Двајцата доделувале и потпишувале тендери на компанија на лице кое е трет сосопственик на имот во ШПАНСКО СЕЛО2 заедно со член на семејството на Филипче и директно на директорот на клиниката. Филипче има потпишано договор за над 550 илјади евра, додека Хасани има потпишано повеќе договори од кои само последниот изнесува над еден милион и 700 илјади евра.

Институциите мора да реагираат за скандалот Шпанско село 2 по ваквите признанија и на Филипче и на неговиот директор и близок семеен партнер.