Изготвуваме една многу обемна програма која што треба да даде одговор на клучните прашања во државата ќе има една јасна визија како Македонија да ја извадиме од овa инационалнo и економско тонење, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата 10 минути на ТВ 21.
Николоски посочи дека во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе вклучени голем број на проекти за граѓаните истакнувајќи дека ќе има намалување на даноците, реформи во образованието и здравството како и поставување на функционален систем на владеење на правото.
-Главните контури на програмата веќе се оцртуваат и тие се јасни, дали е тоа намалување на даноците во економијата, дали се тоа реформи во образованието или во здравство, граѓаните може да го видат тоа, дали се мерките кои што ги планираме во енергетиката и екологијата кои што се многу значајни, одиме на нов систем на функционално владеење на правото, во земјоделието исто така ќе има доста новини и социјална грижа, тие се главните теми на кои што сме посветени овој период, истакна потпретседателот Николоски.
Во однос на коалицијата помеѓу БЕСА и СДСМ Николоски потенцираше дека истата е формирана за „манипулација на гласачите“ затоа што нема да може да се види волјата на двете најголеми заедници во државава.
Тој смета дека ова е очајнички потег на Заев за да се спаси.