Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ на својот фејсбук профил реагираше на донесената пресуда за уредникот на Инфомакс, Александар Митовски со која се осудува на условна казна поради записници од случајот „Рекет“ за кои обвинителството сметаше дека оддавање на службена тајна.
- “Tрас-трас” судството на Заев донесе одлука со која осуди новинар на условна затворска казна затoа што пишувал за „Рекет“. Значи, во хибридниот режим на Заев криминалот се простува, ама се казнува пишувањето за тој криминал.
Слободата на медиумите е погазена, а оваа област само ја следи катастрофата што се случува во сите други полиња. Поддршка за новинарите и медиумите, без оглед на кој медиум припаѓаат, да пишуваат и да се изразуваат слободно. Замолкната правда од „Луј Витон“ судството не смее да ги замолкне медиумите, вистината ќе се дознае, а Рекетот е само мало делче од криминалниот мозаик на власта кои ќе се распрсне на 12ти април – напиша Мицкоски на Фејсбук.