Во јавноста како бомба одекна веста дека МВР поднесе кривична пријава против петмина раководни лица во СВР Велес за несовесно работење во службата. Ова само ги потврдува укажувањата на ОК ВМРО - ДПМНЕ Велес за тоа какви лица се поставени на раководни позиции од страна на Општинската организација на СДСМ и не само во секторот за внатрешни работи туку и во повеќето останати институции.
Имено, кривичната пријава е поднесена против петмина полициски службеници З. Ј., Е. Т.,Т. И.,М. A.,Т. А.
Таа се однесува за настан од 9-ти декември минатата година, во село Горно Врановци во кој постапувале полициските службеници од СВР Велес, а како оштетени се јавува и ЈП Македонски шуми. Како што е наведено во кривичната пријава, во електронскиот билтен на МВР бил отворен настан и потребата истиот да се затвори од страна на водачот на безбедносен реон од ПО Чашка Т. И., телефонски било стапено во контакт и откако го запознал со превремени мерки, односно сочинетата потврда за привремено одземени предмети, на Т. И. му била издадена наредба од повисока инстанца истите да се уништат, да се смисли нов случај и да се изготви записник со пронајдени предмети од непознат сторител.
И покрај обидот да се сокрие случајот, ОЈО Велес со наредба доставена до СВР Велес го поттикнало разобличувањето на несовесното работење на тогашниот актуелен началник на СВР Велес З.Ј. и неговите соработници.
Почитувани,
Се поставува прашањето кој се стои во позадина на ова дело?
Кој го поттикнал прикривањето на вистината?
Чиј телефонски повик или наредба биле пресудни да се сокријат доказите?
Дали има и каква е поврзаноста на општинските организации на СДСМ Велес и Чашка со случајот од 09.12.2019 во с. Горно Врановци, и доколку има, кој од локалните функционери има поврзаност со овој настан?
Дали станува збор за истите лица З.Ј. и Е.Т. од СВР Велес кои и претходно постапуваа непрофесионално во случаите за кои се шпекулираше за нападот врз полицискиот службеник во центарот на градот, за случајот со притисок за гласање во општина Градско, и случајот на новогодишната забава на секторот за внатрешни работи?
Граѓаните заслужуваат да добијат одговори, а Вие господа од ОО СДСМ им го должите тоа! Доколку се боревте за права, време е да ги осудите постапките од страна на овие лица и да покажете одлучност во борбата со криминалот.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ