Зоран Заев и Зоран Атанасов продолжуваат да ја лажат јавноста. Ова се документите кои потврдуваат дека АХВ не вршела проверка на храната во Македонија скоро половина година.
Заев и Атанасов ги оставија граѓаните на милост и немилост. Никој не знае што јаделе граѓаните околу 6 месеци во 2019 година.
Обврска на АХВ мониторинг програмите да бидат донесени навремено и да се спроведуваат континуирано во текот на целата година. Одговорноста е и законска, но и морална, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните. Изговори не смее ра има.
Наместо да излезат и да и се извинат на јавноста, Заев и Атанасов грубо лажат дека вршеле проверки на храната. Проверка не е вршена. Ова е документот кој го докажува спротивното.
СДСМ си игра со здравјето на граѓаните. Ова е само еден пример за неодговорноста на власта.
ВМРО-ДПМНЕ нема да молчи ниту пред ова, ниту пред било кое друго незаконие. Одговорност и за Заев и за Атанасов и за сите други инволвирани ќе има по 12 април.
Ви благодарам на вниманието.
Интегрален текст од прес конференција за медиуми Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство