РЦ за ГР „Исток“ поднесе кривична пријава против З.Б. (39) од Велес, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.

Како што денеска соопштија од МВР, на 26 февруари 2020 полициски службеници при вршење на мотопатролна служба на магистралниот пат Штип-Радовиш забележале патничко товарно возило и на даден знак возилото да запре со движењето, возачот продолжил да се движи кон Штип.

– Потоа кога пристигнало во близина на село Лакавица застанало, а по извршен преглед во товарниот простор биле пронајдени 40 мигранти, од кои 36 од Авганистан и четворица од Пакистан, се појаснува во соопштението.


Администратор
28/02/2020 18:38