Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас. Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија ќе се испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето, се посочува, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

– Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства, стои во соопштението од Обвинителството.


Администратор
28/02/2020 15:49