Началникот на Генералштабот на руската армија, генералот Валериј Герасимов, денеска се сретна со францускиот колега, генералот Франсоа Лекоант, кому му ја пренесе загриженоста на Москва за активностите на НАТО во непосредна близина на руските граници.

Американските медиуми пренесуваат дека генералот Герасимов предупредил дека во Москва се зголемува загриженоста заради движењето на трупите на западната воена алијанса и заради меневрите што симулираат анти-руско сценарио и увежбување офанзивни операции.

Герасимов, истовремено, пофално се изразил за соработката со француската армија.


Администратор
27/02/2020 20:44